Мора да се обелоденат сите криминали и скандали и да бидеме гласни, а криминалот е тој што треба да биде замолчен, порача носителката на листата за 6 Изборна единица предводена од ВМРО ДПМНЕ, Дафина Стојаноска од народниот собир во Гостивар и од гостиварци побара, како што рече да се обединат и да го зададат последниот удар.
– Не смее да дозволиме малцинство од криминалци да владее со мнозинството. Мафијата стана синоним за ДУИ и за СДСМ. Мафијата царува, додека народот пати. Време е за победа над мафијата. Не им се плашете, казнете ги, порача Стојаноска во нејзиното обраќање.
Таа напомена дека обединувањето околу ВМРО ДПМНЕ е важно и да се гласа за бројот два за да нема, како што потенцира, изгубени гласови во 6-та изборна единица кои, како што рече, помагаат исклучиво за пратеник повеќе од ДУИ.
Стојаноска од гостиварци ја побара поддршката за Гордана Силјановска
– Гласајте за професорката Силјановска Давкова и за листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“. Бидете учесници во историската победа над криминалот и корупцијата, и да си ја вратиме Македонија во рацете на луѓето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.