Крајно сме разочарани и револтирани од пратениците на СДСМ кои пред неколку дена гласаа против предлог законот за дополнување на законот за Бранители, соопшти Стојанче Ангелов како лидер на партијата Достоинство.

Тоj додава дека СДСМ има можност да ја исправи оваа голема неправда која ја нанесе на македонските Бранители од 2001-та преку носење на владина одлука.

Повторно ќе побараме Владата да ја реализира иницијативата на Достоинство поднесена во декември 2022 година и да донесе Одлука за праведно обесштетување на петнаесетина семејства на загинати бранители како и триесетина воени инвалиди од 2001 година.

 

Доколку нашата иницијатива биде отфрлена, Достоинство ќе го преиспита своето учество во владеачката коалиција предводена од СДСМ и ДУИ.
Слушнете само неколку реченици од таткото чиј син е изгорен кај Вејце. Ова семејство до ден денес сеу ште е необесштетено.

 

Иако таткото со скршен и огорчен глас лично мене ми повторуваше, нам не ни требаат никакви пари, вратете ни ги нашите синови, иако ниту едни пари на светот не вредат колку животот на било чиј син, ние како држава сме должни да ја исправиме оваа неправда и на сите необесштетени семејства на загинати бранители како и на триесетината необесштетени воени инвалиди од 2001-та да им исплатиме праведен надомест на нематеријална штета, вели Ангелов.

Вознемирувачко видео:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.