Грозоморност се случува во македонското здравство.Ова не е скандал, ова не е афера, ова е организирано масовно убиство. Наместо лекови, цитостатици, на пациенти им биле давани вода или слаби мешавини, а лековите препродавани на црниот пазар!
Вакво нешто неказнето не може да се случува долг период, ваквото злосторничко однесување не може незабележано да метастазира низ цела клиника, ваквата мрежа невозможно е да се воспостави без знаење и учество на високи политички претставници, oбвинува портаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
Грозоморен случај, злосторничко здружување кое заради пари со предумисла фрла пациенти во смрт, само и само за пари!И грозоморието траело со години!Две години предупредувавме, имаше сознанија, постоеја јавни укажувања, повеќе од шест месеци објавуваа медиуми- власта молчешкум бегаше од темата, системот за правда се правеше глув.Повеќе од две години, власта молкум дозволила трговија со цитостатици набавени со народни пари, на сметка на човечки животи.
Најмалку две години, владата за личен опстанок и задоволување на партиски/коалициски апетити, молкум дозволувала грозоморни убиства на пациенти за да зачува власт!
Да е јасно, вакво грозоморие е невозможно без политичка поддршка со премолчување и со убеденост на убијците дека нема да има преземање на акција, истрага, казна!
Вакво нешто неказнето не може да се случува долг период, ваквото злосторничко однесување не може незабележано да метастазира низ цела клиника, ваквата мрежа невозможно е да се воспостави без знаење и учество на високи политички претставници!
За жал, ова не е “инцидент” , туку ова е дел од воспоставен систем!
Криминалните партнери во владата наместо здравство изградија систем за барање мито за вакцини. Од модуларните болници креираа крематориуми и тоа мина неказнето.
До смрт лажеа луѓе за лекови.
Крадат лекови од луѓе со канцер!
Какви се овие луѓе, зар не им е доста што грабаа од буџетот, грабаа за себе за сопруги, за браќа, концесии, панели, земја, хотели, дуќани?
Доколку и кај еден член во владата постои грам човечност, најмалку што може да направи е да ја напушти таа здружена криминална банда на убијци и да побара колективна одговорност со ослободени институции!
Оставки и одговорност, колективна и индивидуална, пред вистински слободен обвинителско-судски систем!
Не смее да се дозволи повторно “кабелот” да е виновен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.