Оливер Спасовски како министер е должен да каже зошто Комисија формирана од него, а водена од Музафер Каришиќ дала одобрение за оружје на Шукри Асани човек со досие од криминалната група Грчец на сега ликвидираниот Жила, истакнува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Спасовски како министер е должен да соопшти колкумина со досиеја од групата на ликвидираниот Жила имаат одобренија за оружје од Комисија на МВР формирана токму од Спасовски? Спасовски и неговиот пулен, началникот на крим полиција, Музафер Каришиќ, мора да соопштат колкумина со крими досиеја од списокот „Безбеден град“ имаат добиено одобрение за оружје? Дали МВР со Комисијата на Каришиќ и Спасовски одобренија за оружје давале само на членовите на групата Грчец или и на другите крими групи во Скопје? И дали списокот со 50-тина криминалци од планот „Безбеден град“, всушност е список за давање на дозволи за оружје? Спасовски да соопшти колкумина во Македонија со криминално досие во полиција имаат полициско одобрение за оружје – посочи тој.
Стоилковски истакнува дека имињата коишто недостасуваат на листата „Безбеден град“ се токму Оливер, Музафер, Сашо.
СДС го претвори МВР во подружница на мафијата и издава од пасоши до одобренија за оружје – рече Стоилковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.