Ставот на ВМРО-ДПМНЕ по однос на бараните уставни измени од страна на коалицијата на криминалот и корупцијата СДС и ДУИ е непроменет. Ова Собрание, овој собраниски состав нема мандат од народот за промена на Уставот под притисок на соседни држави, нагласи Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ при одговарање на новинарско прашање за став на ВМРО-ДПМНЕ по однос на уставните промени.

Стоилковски додаде дека европската иднина со оваа владејачка коалиција на СДС и ДУИ е загрозена, а тоа го говорат и анкетите.

-Она што можам да го истакнам по сите овие барања е дека европска иднина со владејачката коалиција на криминалот и корупцијата е загрозена и тоа го кажуваат и фактите и анкетите. А, тие велат дека само 13% од граѓаните сметаат дека државата се движи во правилна насока, постојат рекордни 53% од граѓаните кои сметаат дека квалитетот на живот им назадувал, а довербата во правосудниот систем е 3-4%, не се верува во правна држава, не се верува во европски исчекор, постои катастрофална економска состојба, последни сме по раст, а втори сме по мизерија во Европа, нагласи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Така што уште еднашка ќе повторам дека овој собраниски состав, овие пратеници во Собранието немаат мандат за промена на Уставот. Единствено за што треба да се разговара е што поскоро да се соберат и да се организираат предвремени парламентарни избори, децидно рече Стоилковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.