Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, реагира на најавите на претседателот Стево Пендаровски, дека ќе поднел тужба против него.
Стево Пендаровски ќе тужел!
До сега на суд сум бил по тужби за клевета од Ивица Коневски и од Александар Василевски Нинџа.
Мислам дека Стево е супер кандидат за ова друштво.
Инаку, и двајцата изгубија.
Ќе изгуби и Стево. И на суд и на избори.
Веројатно и ова заканата му е совет од консултантот мешетар, но како вратка кон него за тоа што Стево го издаде дека имале заедничка средба во партијата, вели Стоилковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.