Ова треба да е автопат, Државен пат А1, делница Петровец – Катланово, за којшто се плаќаат високи патарини. Заради неспособноста на ДУИ и помалиот партнер СДСМ, веќе трета година, ништо не е направено! Трета година работат со брзина од 12% годишна реализација! Тоа е реализацијата на Благој Бочварски, министерот за транспорт и врски од СДСМ. Трета година ништо не е сработено! 5 километри во должина, вкупно 10 километри во двата правци. трета година, на автопат има времен двонасочен режим на сообраќај, изјави денеска за медиумите портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Тој истакна дека освен за фотографии на Бочварски и директорите за државни патишта, Зоран Китанов, а сега Ејуп Рустеми, друго ништо не е направено.
Почитувани, проектот е започнат пред 3 години, а требаше да е готов лани во јули, вредноста на проектот беше 7.2 милиони евра, пари обезбедсени од ЕБОР. Со вакво темпо од 12% реализација годишно, на СДСМ ќе му треба уште 5 години да заврши реконструкција на 5 километри автопат во двата правци. Реконструкција, а не изградба на нов автопат, посочи Стоилковски.
Портпаролот додаде дека оваа делница е сликата за македонската економија на СДСМ, за лагите на СДСМ за капитални инвестиции, ова е сликата за негрижата и неспособноста на СДСМ на власт.
–Со СДСМ нема иднина, дециден е Стоилковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.