Димитар Ковачевски денеска бесрамно ќе се обиде да претстави човек чиј што брат веројатно извршил крвна одмазда и е осомничен за убиство- за министер за правда! Замислете, Крешник Лога братот може да заврши во затвор за убиство, додека другиот Кренар Лога е министер за правда и ќе составува список за помилувања? Осомничен за убиство на Дилавер Бојку, познат на полицијата и на подземјето, заради крвна одмазда од претходни оружени можеби семејни средби! Ете Ковачевски денеска има прилика да застане во одбрана на егзекуција и крвна одмазда како правдољубие – рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Ковачевски денеска ќе мора да објасни и како во одбрана, заменик министер, поставува човек со иредентистички идеи, антидржавни идеи, којшто е повлечен од мисијата во НАТО, откако се појави фотографија од Брисел дека е во први редови на протест за создавање на ИЛИРИДА! Ковачевски ќе мора да се потруди бидејќи Тирон Јајага во 2017 година го признава своето учество на протестите, своите убедувања, правдајќи се дека бил на протест за ИЛИРИДА, протест со територијални претензии кон Македонија, за поделба на државата, бил на протест со такви барања, ама вон работно време! А, работел како дипломат во македонската мисија во Брисел! И сега Ковачевски ќе го претставува за заменик за одбрана на членка на НАТО! Ковачевски денеска ќе мора да се потруди да го објасни решението за здравство – во услови кога луѓе умираат излажани за лекови, тој поставува целосен анонимус, конфликтна личност со сомнително образование! Потребно е само Ковачевски да ја приложи листата за присутност на работа за Фатмир Меџити – кога доаѓа кога заминува, дали воопшто седи на дежурства, за да сликата биде појасна за јавноста. Се работи за конфликтен лик којшто Таравари кога беше министер го сместува во ФЗОМ, а потоа тоне во заборав, до сега! Ковачевски поставува министер за здравство со единствена референца, кумашин и поттрчко на Таравари. Ковачевски со сите сили ќе бара начин да ги сокрие тендерите од 4 милиони евра коишто семејството на Викторија Аврамовска-Мадиќ ги заработи од Град Скопје кога предложената за заменик министер беше секретар на Скопје? И како ќе прескокне дека за неа има поднесено кривична пријава до ОЈО? Како ќе ги прескокне и објасни прескапите пожарникарски скали од семејната фирма на Мадиќ? Како Ковачевски ќе ја објасни Маја Манолева за заменичка за здравство која што на сила ДКСК мораше да ја натера да се откаже од приватната амбуланта додека била директор, па во врвот на Лекарската комора. Како ќе објасни дека не си препраќала пациенти за рехабилитација од јавниот завод во приватната установа за физикална медицина? Дали Ковачевски ќе ја претстави Каја Шукова од животна средина, како негова десна рака за издавање дозволи за фотоволтаици? Дали е вистина дека Шукова определувала дали дозволата за бизнис со фотоволтаици ќе се добие брзо или ако не е во согласност со семејната, кумската фирма на Ковачевски, постојано нешто ќе фали во документацијата? Тоа ли е главната референца за Каја Шукова биде министер? Што ќе каже Ковачевски за предложената заменичка во земјоделство Вјолца Бериша, која директно ги посочуваше СДС и ДУИ за смртта на пациентите во пожарот во модуларната болница? Дали ќе каже дека и ги простува прес конференциите со прстот посочен кон СДС, дали ќе ги нарече „лажна пропаганда“, или дека главната на унијата на партиските жени ја злоупотребила смртта на пациентите за политичко внимание? Или ќе ја посочи како лицемер? Уште колку пари ќе треба да легнат на сметка на ДУИ од образование додека ученици немаат книги, свидетелства, документи, помагала, наставници се деградирани, испитите за директори поништени? Кое ќе му биде образложението на Ковачевски за предлогот Агим Нухиу да биде заменик министер за образование? Дали референца е успехот во правда или Јетон Шаќири не можел сам без заменик од ДУИ во ликот на Нухиу? И со кој образ сега Ковачевски ќе предлага а СДС ќе аплаудира за Азир Алиу за министер за администрација, кога истиот Алиу и неговото име го черечеа по медиуми како прв на листата на советници, како велеа прескапи советници на владата? Дали сега Ковачевски јавно ќе му се извини, дали ќе се извини на јавноста за јавните линчови со лаги за оцрнување на луѓе – праша Стоилковски.
Македонија нема да напредува ниту ќе се справи со тешката економска криза, ниту во Европска Унија се влегува со осомничени, со иредентисти, со кумашини, лукративни помошници во тендери. Ова не е листа на сојуз за Европа туку сојуз за порази и за грабеж на Македонија, исполнување на хирови и лични желби на сметка на народот и државата! На Македонија не и треба уште една влада без изборен легитимитет, туку брзи предвремени избори, додаде Стоилковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.