Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Столковски ја коментира изјавата на обвинителката Вилма Русковска дека во државава има многу корупција, наречувајќи ја соучесник со непостапување.

Па само за модуларната и за автобусот на смртта да зинеше нешто повеќе од “ништо конкретно”, може и ќе ти вредеше сега зборот.
Констатира нешто за што е директно одговорна за (не)справувањето со корупцијата!
Да потсетам, беше најистакнат репрезент на “расипан човечки материјал” (оценка од Заев), за потоа да ужива и во крунисувањето на она што потоа прерасна во Рекет!
Колку години владее со Обвинителството токму за корупција?
Од таа позиција, соучество се прави и со постапување, ама и со непостапување!
Каков кич, каков блам, каков срам за државата и воопшто обвинителството!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.