Почитувани, јавно прашуваме Таравари да каже кој е тој меѓународен фактор што бара Алијанса да влезе во Владата – истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање каде се бара коментар од ВМРО-ДПМНЕ за изјавата на Таравари каде што вели дека меѓународен фактор барал тој да влезе во Владата.

Стоилковски додаде дека Таравари треба јасно и гласно да одговори на јавноста кој е тој меѓународен фактор што бара Алијанса да влезе во Влада. А, доколку не каже Таравари тоа значи дека има друга причина зошто сака да влезе во Владата.

Доколку Таравари премолчи и не каже значи дека Таравари не е искрен и има друга причина зошто сака да влезе во Владата – нагласи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.