До толку ги заболе пресот со фото албумот “фемили фотос” на бегалецот од затвор, што се пуштиле во одбрана и заштита, пишува на фејсбук портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Ова е само една од интересните пораки што ги добив вчера- не било исто бегање и не се вратил од викенд???
Сериозно не ја наоѓам разликата на којашто во одбрана ја посочува Ѓорѓи Галетановски.
Особено што фактите велат:
- Повратник не служи во ткн Шутка, туку во Идризово.
- Уште помалку што има уште 16 неправосилни пресуди, коишто со правосилност стануваат над 15г. затворска казна.
- Нема законска основа да биде во Шутка, уште помалку да добие оценка за во полуотворено одделение!
- Викенд?? Сериозни сте?
Ја насетувам играта и можните преговори мистериозно да се врати “од викенд”, но тоа не ги одговара прашањата:
Што бара ваков лик во Влада, во кабинети, во блиски непосредни муабети со министри?
Да потенцирам уште еднаш 16 кривични!
Постои сомнеж дека е договорено да ја признае најмалата од 8 месеци, додека се чека правосилност, да го пуштат да “здувне”?
Но, таква ли е насоката, да се брани случајот?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.