Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски му одоговори на потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев, кој ја исмеа свечената церемонија за одбележување на празникот Свети Кирил и Методиј во црквата „Света Софија“ во Охрид, организирана од страна на ВМРО-ДПМНЕ, наречувајќи ја митинг на ВМРО-ДПМНЕ во црква.

Митинг на ВМРО – ДПМНЕ во црква. Додека некој успеа да се избори за признавање и автокефалност на МПЦ – ОА, Мицкоски од друга страна прави груба и досега невидена партизација на црквата. Простете им, не знаат што прават, напиша Богоев на Фејсбук.

Стоилковски го потсети Богоев дека ден претходно партиски собир во истата црква одржал претседателот на неговата партија, Димитар Ковачевски.

Па простете му на она несреќно момче Стефан Богоев кое што вчера изгледа бил заборавен да го поканат на партискиот собир во Света Софија во Охрид и со тоа не знаел дека вчера таму на партиски собир во црква како вели му бил Димитар Ковачевски Таче!

Заборавениот Стефан напишал статус со изморени дланки од ракоплескања на Таче гледајќи го на ТВ, додека истовремено им испраќа исти пораки на Таче и стопанот Заев со зборови за „најдобар претседател до сега”, молејќи за место за себе пред евидентниот раскол! Стефане, бруко, пишува Столковски во коментарот на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.