Советот за јавни обвинители мора да одговори дали едно од огласените три места за јавен обвинител во Гостивар е резервирано за Барлет Џафери, синот на Талат Џафери?
Согласно огласот од втори март, Советот бара Јавни обвинители за повеќе основни јавни обвинителства, меѓу нив и за Гостивар каде се бараат тројца. Наведено е дека покрај законските условите од Законот за јавно обвинителство, за јавен обвинител во основно јавно обвинителство може да биде избрано лице кое има завршено обука утврдена со Законот за Академија за судии и јавни обвинители.
Синот на Талат Џафери е објавената листа на завршниот испит во Академијата, и иако не е расчистен случајот како тоа полагал правосуден испит пред воопшто да дипломира, сега се верува дека ќе биде еден од тројцата новопримени во гостиварското јавно обвинителство.
ДКСК не даде конкретен одговор, како е можно да се полага правосуден испит предвреме, ниту пак се отвори предмет за тоа, а нема одговори ниту дали е точно дека, цитирам медиуми, „Џафери добил право да го полага правосудниот испит со дискрециона одлука на тогашниот министер Аднан Јашари“, затворен цитат?
Дали сега и вработувањето и изборот на Барлет Џафери ќе биде нечија дискрециона одлука?
Затоа, повторувам, Советот за јавни обвинители мора да одговори дали едно од огласените три места за јавен обвинител во Гостивар е резервирано за Барлет Џафери, синот на Талат Џафери?
Во време кога довербата во правосудството е на минимум, криминалот и корупцијата цветаат, а наместо право и правда, судско обвинителскиот систем го тресат скандали, од изборот на Ислам Абази, преку изборот на Весна Дамева во Судскиот совет, до делење на места во правниот систем по принцип на наследство и партиска моќ. Со евентуален избор на лице со низа скандали зад себе, како Барлет Џафери, за јавен обвинител во Гостивар, Советот директно ќе учествува во пад на довербата во судството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.