Албанските лидери со нивите изјави за „главни градови“ и „заедници на албански општини“ нема да прават ништо бидејќи некој поголем од нив во регионални рамки не дозволува дестабилизација на регионот. Ова е само подготовка за она што следи а тоа се изборите, коментира пратеникот Иван Стоиљковиќ.

Тој вели дека не треба да се прави паралела со Заедницата на српски општини бидејќи тоа е меѓународен договор со посредство на ЕУ.

Ова е само за внатрешна политичка употреба, да го застрашат македонскиот народ и граѓаните да седат мирни за тие да си ја бркаат нивната агенда. Ниту едната ниту другата приказна не поминува. Заедницата на српски општини е формализирана со преговорите во Охрид и е обрврска на косовските институции – објаснува Стоиљковиќ во интервјуто за „Република“.

Тој вели дека парламентарната демократија не памети ваков случај како што се односите меѓу ДУИ и СДСМ.

Ние сме атипична демократија по она што произлезе од Охридскиот договор и таа атипичност поприма нови форми како Пржински договор, Мајски договор, промени на Уставот, формирање на јазична федерација и работите полека, но сигурно се туркаат на шините на политичка федерализација.

Стоиљковиќ е убеден дека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе има колициски партнер меѓу партии на Албанците.

Кога граѓаните ќе ја верификуваат нашата победа на следните избори, останува работа на реализација на формирање на стабилно мнозинство. Тоа треба да се случи и ќе се случи. Владеењето на малцинството брз мнозинството не може да опстои како политички процес, затоа што може да предизвика сериозни последици. Ќе се наредат како попчиња пред вратата на ВМРО-ДПМНЕ и ќе бараат да бидат дел од новата влада.

Пратеникот на Демократската партија на Србите смета дека е невозможна варијанта ниту една партија на Албанците да не сака да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ по изборите и со тоа да биде доведено во прашање формирањето на идната влада.

Албанските полтички фактори се попрично зависни во своето однесување од САД и тоа е решлив проблем. Ако македонските граѓани решат да остане оваа гарнитура, самите ќе бидат виновни за тоа што ќе им се случува во политичкиот живот. Ако ова што се случува го третираат како терор на малцинството врз мнозинството и несоодветно однесување на ДУИ врз државата и народот, тогаш ок и не е ништо спорно. Граѓаните ќе мора да го дадатт последниот збор – објаснува Стоиљковиќ.

Стоиљковиќ детално објаснува и за обидот Законот за амнестија за настаните од 27 април да се стави на дневен ред и за спинот кој го направи власта дека пратеници од коалцијата на ВМРО-ДПМНЕ не присуствувале на гласањето.

Власта не дозволи да се стави на дневен ред и оти расправата ќе траеше неколку дена и ќе се изнесеа сите аргументи за ревизија на судските процеси, а власта ќе беше во непријатна ситуација затоа што расположението на граѓаните е дека тие процеси се неадекватно водени. Некои пратеници беа на службен пат или имаа други обврски или пак беа болни. Спинот не го изведоа политичарите од власта, туку нивните портали.

Пратеникот објаснува оти е јасно дека уставни измени нема да има и оти на следната влада останува да ја поправи штетата што ја направија СДСМ и ДУИ.

Настаните во Охрид покажаа дека таа преговарачка рамка не е света крава и дека може да има измени. И во нашиот случај суштината е иста. Ако успееме да спасиме 10-15 проценти од работите кои овие ги замачкаа, на коњ сме и како држава и како ѓраѓани. Затоа борбата не треба да престане, напротив треба да продолжи за да се издејстуваат какви било промени – убеден е Стиљковиќ.

Тој ставањето на Бугарите во Уставот го опишува како „вишна врз шлагот на тортата, а под шлагот е ставена мина и ние треба полесно да ја проголтаме“.

Овде не станува збор за ставање на Бугарите во Уставот туку за документите кои станаа дел на преговарачката рамка. Ако ги избришеме сите делови на преговарачката рамка утре може да ги ставиме Бугарите во Уставот, нема никаков проблем.

Тој објаснува и зошто Македонците ги сметаа Србите за најблизок народ и оти тоа е заслуга на претседателот Вучиќ.

Има голема промена во српската политика и во политиката на претседателот, која значи поголема отвореност кон регионот и затворање на спорните прашања со Македонија вроди со плод. Помеѓу двете држави нема ниту едно отворено прашање. Да се кадидидира Вучиќ кај нас, сигурно ќе победи – се шегува Стоиљковиќ.

Целиот разговор слушнете го во видеоинтервјуто кое го водеше Игор Чавески



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.