Стево и јас, една жешка вечер, многу доцна, седевме заедно сами…“
Вака „романтично“ и во стилот на неговиот мецена Зоран Заев претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски го почна својот говор на конвенцијата на партијата за старот на претседателската кампањана Стево Пендаровски во салата „Борис Трајковски“.
Ништо помалку „романтичен“ е и продолжетокот на приказната:
Стево рече вака. Знам дека од утре целиот притисок ќе биде врз тебе. Знам дека целиот овој процес ти ќе мора да го изодиш до крај. Знам дека од утре, сите популисти, сите националисти, сите противници на европската идеја за Македонија, сите оние кои се здружени со непријателите на Македонија, ќе застанат против тебе. И ќе поминуваш низ пекол. И затоа, нема да те оставам сам. Затоа, јас ќе стојам рамо до рамо до тебе. Ќе стојам рамо до рамо и со пратениците со кои заедно ќе ја водиш битката во парламентот. Затоа, јас прв ќе излезам на прес конференција и ќе кажам: Дa, Македонија треба го прифати европскиот предлог. Македонија треба да стане земја членка на ЕУ. Тоа и го направи, тоа е лидерство. Тоа е начинот на кој постапуваат вистинските лидери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.