Според досегашните резултати од вториот круг на претседателските и на парламентарните избори објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија, кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски, освои повеќе гласови од оние кои партијата ги доби за пратеници.

Со обработени 3.227 од 3.508 избирачки места низ Македонија (91,99%), Пендаровски доби 228.987 гласа, додека, пак, СДСМ според обработени 3.195 од 3.477 избирачки места (91,89%), освои 136.748 гласа, што е за околу 92 илјади гласови разлика.

Вечерва лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски го призна поразот и најави внатрепартиски избори и реконструкција на партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.