Како едно од предизборните ветувања кои ќе бидат исполнети во првите 90 дена на градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски, денеска почна да тече тримесечниот рок за пријавување на заинтересираните за користење на субвенција за изградба на термоизолациони фасади.
Во продолжение линкот на кој можете да го најдете јавниот повик како и дел од потребните документи за аплицирање: https://bit.ly/3FX91Tu
Денеска го објавивме јавниот повик за субвенционирање на жителите на Општина Новаци за изградба на енергетски ефикасни домови односно изградба на термоизолациони фасади во станбените објекти за индивидуално домување.Повикот ќе трае 3 месеци почнувајќи од денес. Ова е уште еден проект понуден во мојата предизборна програма, ветување кое го реализираме во првите 90 дена од преземањето на функцијата градоначалник на општина новаци.Финансиските средства ќе се доделуваат по принципот прв дојден – прв услужен , до исцрпување на предвидените средства за таа намена, во вкупен износ од 3 милиони денари – изјави Стевановски.
Финансиските средства на овој Повик се обезбедени од Буџетот на Општина Новаци за 2022 година – Програма Р1 – Заштита на животна средина, согласно Дополнувањето во Програмата за заштита на животна средина за 2021 година и Правилникот за субвенционирање на жителите на Општина Новаци за изградба на енергетски ефикасни домови односно изградба на термоизолациони фасади во станбените објекти за индивидуално домување.
Финансиските средства на овој повик, ќе се користат за делумен надоместок во висина од 30 % од вкупната сума на фактурата но не повисока од 90 000 денари бруто износ по барател. Барател на субвенција за изградба на термоизолациони фасади мора да биде лице жител на Општина Новаци чиј што објект се наоѓа на територијата на општината со целосно спроведена постапка за легализација – информира Стевановски.
Покрај барањето, барателот треба да поднесе:
– имотен лист ( не постар од 6 месеци)
– понуда од економски оператор
– копија од трансакциона сметка на барателот
– копија од лична карта од барателот
– изјава заверена на нотар од подносителот на барањето дека нема добиено финансиски средства за изградба на енергетски ефикасни домови и
– фотографии (во боја) од објектот пред започнување со изградба на термоизолационата фасада
По разгледување на барањето Комисија составена од 5 члена излегува на терен со цел да ја утврди фактичката состојба на објектот и доколку истата соодејствува со поднесената документација, со барателот склучува пред договор за субвенционирање.
Барателот за да го оствари правото на субвенција има рок од 9 месеци од поднесување на барањето, да ги достави до комисијата документите согласно повикот кој што е јавно објавен на огласната табла и на веб страната на општина новаци, како и на мојата фан страна на социјалната мрежа фејсбук – вели Стевановски.
Барателот за да го оствари правото на субвенција има рок од 9 месеци од поднесување на барањето, да ги достави до комисијата следните документи:
– платена фактура од економскиот оператор со комплетна спецификација на материјалите кои се користени и вградени при изградбата на термоизолационата фасада и
– фотографии во боја од станбениот објект по изградбата на термоизолационата фасада
Комисијата по изградбата излегува на терен и доколку сите услови се исполнети согласно повикот и доставената документација, составува ранг листа според која се исплаќа субвенцијата на трансакциона сметка на барателите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.