Американскиот Стејт департмент ја поддржува секоја регионална иницијатива заснована на европски принципи, која има за цел економско зајакнување на земјите од Западен Балкан. Изјавата е дадена еден ден откако претставниците на трите земји од Отворен Балкан (Србија, Албанија и Македонија) вчера, на Самитот на иницијативата во Охрид, потпишаа неколку договори.
Портпаролот на Стејт департментот одби да коментира за Радио Слободна Европа за фактот дека Косово одбива да биде дел од „Отворениот Балкан“ и не сака да присуствува на состаноците, но истакна дека „поблиска и поинтегрирана соработка низ Западен Балкан привлекува енергетски инвестиции“.
САД ги поддржуваат овие и други иницијативи, кои ја продлабочуваат регионалната економска соработка и го унапредуваат европскиот пат, соопшти Стејт департментот.
На 8 јуни, специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, рече дека САД не гледаат на Западен Балкан од перспектива на проблемите од 1990-те, туку преку можностите на 21 век.
Ескобар рече и дека Западен Балкан има потенцијал да биде центар на обновлива енергија, центар за течен природен гас и ја отвора можноста Европа да се ослободи од зависноста од рускиот гас.
Ескобар рече и дека „Отворен Балкан“ треба да остане економски, а не политички проект и да се фокусира на луѓето од регионот и дека на тој начин ќе има поддршка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.