Самитот на НАТО покажа во кој правец ќе се движи Алијансата во следниот период. Украина и натаму ќе биде главна тема. За Македонија е важно што во ваков период е дел од НАТО светот кој има глобални закани кои бараат глобални решенија и одговори, анализира воено-безбедносниот аналитичар Милан Стефановски во интервјуто за „Република“.

Што донесе самитот на НАТО за светот, регионот и за нашата држава?

Во завршното комунике односно декларацијата преточена во стратешки патокази НАТО ги реафирмираше и дефинираше старо-новите предизвици по интересите на алијансата, во обемниот концепт она што може да се извади како концезни и главани поенти и заклучоци се следниве,Мобилизирање на постојани и контиунирани матријални, организациски и логистички ресурси на оперативно, тактичко и стратешко ниво во контекст на помошта на Украина.
– Формирање на најмалки два командни центри за обука, распределба на донации за вооружување на украинските сили и постајан синѓир на снабдување.
Зголемување на набљудувањето и мобилност на НАТО на Блискиот исток и инди-пацифичкиот регион.За регионот, Западен Балкан и Црноморскиот регион за стратешка зона на интерес на НАТО.А, за нас се клучни поентите за владеењето на правото, реформи, добрососедски односи и постојан инвестициски циклус во АРМ.За поздравување е потпишувањето на документот за воената транспортна мобилност на териториите на Албанија, Македонија и Бугарија. Збирниот заклучок е успешна воено дипломатска мисија на Владата на самитот во Вашингтон.

На самитот на НАТО доминираа темите поврзани со војната во Украина која има глобална рефлексија, а начесто прашање е кога и како ќе заврши?

Очекувано е да доминираат темите, прашањата и одговорите за можеби најголемиот судир на европско тло после втората светска војна. И, како што спомнавте овој судир рефлектира глобални предизвици и секако проблеми на целиот свет. Постпандемијата од Ковид и плус оваа рефлекссите на оваа војна ги погодија синџирите на снабдување, ја нарушија кревката енергетска стабилност, храната станува прескапа, светот станува небезбеден во скоро секој дел. Светот стана глобално село, секој конфликт има сезметичка активност на секаде. Да заклучам, конфликтот ќе трае до истоштување на страната која се очекува да попушти од своите цели, а ќе заврши како и секој конфликт со мировни преговори на преговарачка маса со микс од болни компромиси.

Што треба Македонија да прави овој период, на пример вложување во армијата како еден од гарантот за мир?

Најпрво е добро што Македонија е  членка на НАТО. Постојано велам дека светот има глобални закани кои бараат глобални решенија и одговори. За тоа ви требаат глобални институции организации кои имаат ресурси за спротиставување на гобалните предизвици. Македонија е мала земја со ограничени ресурси.
Најдобарата глобална алијанса е НАТО. Пример е членот 5 на НАТО, еден за сите, сите за еден. Следно, што е најважно, продлабочување на односите со САД, нашиот најлојален сојузник, секако и со Британија, Германија, Франција и Израел.Јакнење на економијата, земјоделието и енергетките капацаитети,дефинирање, инвестирање и опремување на институции кои се борат со невоени закани, пожари, поплави и еколошка безбедност.Мислам дека сите ние граѓаните, партиите, НВО и сл разбраа дека постојаното и зголеменото инвестирање во Армијата со опрема, обука и мотивирана војска со солидни примања е темел за придонес во мирот дома и во светот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.