Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва соопшти дека опозицијата се уште не го добила предлогот на Макрон, но од информациите со кои располага во него нема ништо различно од тоа што го имало во претходниот, освен два збора.

Нема никакви корекции. Станува збор за семантика. Прифатени се сите бугарски барања. Да не се лажеме, ова е дебакл, изјави Мицкоски.

Мицкоски прашува како е можно премиерот на Албанија да има информации за договорот и да препорачува да се прифати, а македонскиот народ и опозицијата да не знаат уште што има во него.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.