Велите ја зацврстуваме политичката стабилност и отвораме пат за зголемена ефикасност на собранието и институциите. Вака ли се зголемува политичката стабилност кога денес бевме сведоци дека само 62 гласа имавте за разрешување, вели пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Бети Стаменкоска Трајкоска.

Стаменкоска Трајкоска праша дали предложениот кандидат за заменик министер Нухиу има замешаност во откривање на акцијата во Грчец за сузбивање на дрога со оглед дека долги години бил во министерството за внатрешни работи.

Ќе задржам на Агим Нухиу кој како заменик министер за правда, претходно бил во министерството за внатрешни работи и сега доаѓа во министерството за образование. Сакам да ја прашам македонската јавност бидејќи тој имал долго искуство во МВР, и ја прашувам македонската јавност бидејќи нема кој мене да ме слушне од власта бидејќи само физички се присутни овде, дали Нухиу има поврзаност со сузбивањето на трговија со дрога во Грчец, за кој Русковска рече дека е пробиена таа акција и тврдеше дека има крт во МВР, истакна таа.

Дали Нухиу е замешан со скандалотза набавка на шкоди. Да ве потсетам министерството во четири очи без тендер набавило возила од 1 милион евра од фирма која била донатор на нивните кампањи. Дали можеби Нухиу има врска со ова. Дали Нухиу има врска со рекет 1, рекет 2, рекет 3, имавме многу рекетирање и ден денеска има рекетирање, изјави Стаменкоска Трајкоска.

Стаменкоска Трајкоска ги праша пратениците од владејачкото мнозинство дали со поддршка и гласање на Нухиу за министер за образование и наука ќе ги реши проблемите во образованието

Дали вие колеги верувате што ќе давате поддршка на ваков сомнителен лик кој произлегува од МВР, дали овој човек ќе ги надмине проблемите кои се многу во министерството за образование, праша таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.