Во манастирот Рождество на Пресвета Богородица – Калишта денеска во 18.00 часот ќе пристигне делегација на СПЦ предводена од Неговата Светост Српскиот Патријарх г.г. Порфириј, во чија чест ќе биде отслужена и Доксологија (Славословие), информира Дебарско – кичевската епархија.

г.г. Порфириј, ќе го посети Храмот Св. Богородица – Перивлепта, Галеријата на икони како и другите цркви и културно историски споменици во Охрид и Манастирот Св.Наум Охридски, се наведува во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.