Изборите во Лекарска комора на Македонија за избор на ново раководство, нов прв човек на Комората минуваат со многу неправилности, тврдат упатените.

Една од забелешките на здравствената фела е тоа што Комората ги нема усогласено правните акти со новиот Статус според кој треба да се спроведуваат изборите.

Правилникот за избори во Комората е од 1996 година и според оние што ги знаат условите во Комората тој  не во согласност со новиот Статут според кој се избира новото раководство.

Правилникот по кој се спроведуваат изборите во Лекарската комора е застарен и од некои други времиња. Или истиот не е во согласност со Статутот за избори во Комората.

Според него, не се дозволува присуство на набљудувачи при броењето на гласови. Тој предвидува тројца членови од изборната комисија затворени во канцеларија да ги бројат ливчињата,

Упатените прашуваат дали ова правилно, транспарентно и демократски?.

На сите неправилности за изборите во Лекарската комора со допис до Централната комисија на Комората укажува доктор Идриз Орана кој бил и потпретседател и член на Извршниот одбор на Комората. Доктор Орана дописот го испратил на 15 јуни, а дали ќе се земе во предвид и ќе се интервенира да се санираат неправилностите ќе се види дополнително.

Според упатените, актуелната претседателка на комората Калина Гривчева Старделова прави се по секоја цена само за да остане претседател на Лекарската комора.

Ако ова ова е точно  дали тоа значи дека толку е значајна таа позиција и зошто“?-прашуваат упатените.

Тие  потсетуваат дека претседателката на Коморат има одлука од Антикорупциска да се откаже од една од функциите кои ги врши.

Причината за оваа одлука е судир на интереси бидејќи таа како претседател на Комората си ја оценува својата работа како директор на Клиниката за гастроентерохепатолигија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.