Српскиот политичар Срѓан Ного во својот поткаст на Јутуб тврди дека покрај Вања киднаперите планирале  да биде убиена и нејзината помала сестра. Целта според него не била изнуда туку убиство на двете девојчиња. Живот и го спасило тоа што помалата сестра немала прв час тој ден.

Вања Ѓурчевска е убиена во нарачана и платена ликвидација. Никогаш не постоел план таа да се киднапира поради откуп. Туку од почетокот е планирано нејзино убиство и убиство на нејзината сестра. Тој план требаше да биде реализиран уште во петок на 24-ти ноември. Среќа во несреќа е што тој ден нејзината помлада сестра Миња немала прв час, па ја киднапираа и убија само Вања, вели контроверзниот Ного.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.