Српскиот политичар Срѓан Ного во неговиот поткаст на Јутуб тврди  дека таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски не се коцкал, никогаш не пиел алкохол и во последните 30 години не користел наркотици. Со порнаешната сопруга пак бил во коректни односи.

 

 

Овие факти се лесно проверливи. Вистината е и дека причината за разводот не е ни дрога ни алкохол ни коцка. Разводот го барал Александар, а Зорица не сакала да се разведе. Тоа најдобро го потврдува изјавата што ја дала во полиција, дека Александар е идеален татко. Да бил Александар наркоман, алкохоличар и коцкар, сигурно родителите на Зорица не би му препишале имот на негово име, и тоа после разводот. Поранешните сопружници биле во исклучително коректни односи. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.