Сојузот на средношколци на Македонија (ССРМ) денеска ќе го одржи Третиот конгрес на кој делегатите ќе избираат нов Извршен одбор и нов претседател на Сојузот, поради завршување на мандатот на досегашниот, Лука Павиќевиќ.
Кандидати за нов средношколси лидер се Ива Трпески, ученичка во кичевското средно училиште „Мирко Милески“, одговорна за администрација при Извршниот одбор на Сојузот, и Берин Мухамед, ученик во скопската гимназија „Зеф Љуш Марку“, координатор на младинските амбасадори при Извршниот одбор на Сојузот.
Пред Конгресот, Средношколскиот сојуз ќе го одржи 20. Генерално собрание на кое ќе се усвојува извештајот за работа, а претседателот во заминување ќе има проштален говор пред делегатите.
„Сојузот ќе ја презентира и белата книга за воведување демократско-граѓанско образование како нов предмет во сите четири години од средното образование. Веднаш по затворањето на Собранието, Сојузот ќе го почне Третиот конгрес“, информира ССРМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.