Во рамки на посетата на САД каде престојувам по повод одржување на НАТО самитот во Вашингтон, одржав средба со Brandon P. Yoder, заменик-помошник секретар на Бирото за меѓународни наркотици и спроведување на законот (INL), објави на Фејсбук, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
На состанокот разговаравме за значајните аспекти на соработката со нашиот стратешки партнер САД. Стана збор и за интеграцијата во Европската унија, процес кој е од клучно значење за иднината на Македонија. Исто така, се разговараше и за дигитализацијата на Министерството за внатрешни работи, а посебно внимание посветивме на системот за гранично управување и нашиот план за реформи во овој дел кои подразбираат користење на технолошките достигнувања во насока на поефикасен надзор на зелената граница.
Една од најважните теми беше борбата против организираниот криминал и високата корупција. Разговаравме за можностите за соработка во делот на обуки и јакнење на човечките и материјалните ресурси, со цел поуспешно справување со овие предизвици.
Оваа средба беше одлична можност да ја потврдиме нашата посветеност за продолжување и продлабочување на соработката со САД, со цел да ги постигнеме нашите стратешки цели и да обезбедиме безбедна и просперитетна иднина за нашите граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.