Во текот на денешниот ден, се одржа средба помеѓу претставници на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Европскиот фронт.
На средбата биле присутни Александар Николоски, Владо Мисајловски, Никола Мицевски и Стефан Андоновски, а од коалицијата Европски Фронт Мендух Тачи, Блерим Беџети, Фатон Ахмети, Елми Азири.
На средбата се разговараше за предложените измени на законот за организација на работата на органите на државната управа при што од страна на ВМРО-ДПМНЕ беа образложени измените на законот којшто треба да донесе поголема ефикасност, транспарентност и реформи, како и рационализација – информираѓе ВМРО-ДПМНЕ.
Тие нагласија дека законот е работен со поддршка на меѓународните партнери на државата и е дел од ИПА програмата на Европската Унија.
Претставниците на коалицијата Европски Фронт изразиле поддршка за измените на законот и информираа дека ќе гласаат за усвојување на истиот.
Во рамки на средбата се разговараше и за меѓусебниот дијалог помеѓу власта и опозицијата при што беше прифатено барањето на коалицијата Европски Фронт во догледно време Собранието да формира ад хок комисија со Претседател предлог на опозицијата, која што ќе ја следи правичната застапеност на сите етнички заедници во органите на државната управа и за својата работа два пати годишно ќе го информира Собранието – велат од ВМРО-ДПМНЕ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.