Министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, на маргини на неформалниот НАТО Министерски состанок во Берлин.
Во фокусот на разговорите беа европските перспективи на двете држави, особено од аспект на импликациите на војната во Украина за безбедноста и стабилноста на европскиот континент и пошироко.
Европа и светот се соочени со исклучителни надворешно-политички и безбедносни предизвици од геополитички аспект и наједноставниот пат за демонстрирање на стратешкото лидерство на Европската унија и нејзиниот кредибилитет е преку ефектуирање на одлуката за почетокот на пристапни преговори со Македонија”, заклучи Османи.
На средбата стана збор и околу актуелните состојби во Украина, при што министерот Османи и во оваа прилика најостро ја осуди воената инвазија на Русија врз Украина, особено бруталните убиства на цивили, нагласувајќи дека Македонија, како членка на НАТО Алијансата и кредибилен кандидат за членство во ЕУ има преземено низа чекори и мерки како одговор на руските воени дејствија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.