Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, во рамки на учеството на Преспа форум за дијалог 2023.
Претседателот Пендаровски упати честитки за неговиот избор за претседател на Црна Гора изразувајќи уверување дека Македонија и Црна Гора во интерес на граѓаните на двете земји и нивниот напредок и просперитет, ќе го продолжат традиционалното пријателство и успешната билатерална соработка.
На средбата беше разговарано за состојбите во двете земји и нивната европска перспектива, како и за политичките случувања, економските и безбедносните предизвици се кои се соочува нашиот регион.
Двајцата претседатели изразија подготвеноста за продлабочување на комуникациите и размена на искуства во однос на реформите за трансформација на општествата и евроинтеграциските процеси за членство во Европската Унија како заедничка надворешно-политичка цел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.