Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ денеска Оливер Спасовски заедно со членката на ИО на СДСМ, Мелиса Ценовска Серафимовска беше меѓу граѓаните на општина Илинден.

Германскиот парламент, Бундестагот, усвои Резолуција со која се потврдува македонскиот јазик, македонскиот идентитет и македонската посебност во ЕУ. Имаме целосно заштитен и потврден македонски јазик и идентитет и преку процесот на преговори со ЕУ. Имаме сочна недвосмислена поддршка од сојузниците во ЕУ и од нашиот стратешки партнер САД. Сега е потребно да продолжиме со дијалогот и заедно со ДПМНЕ и со сите политички партии да ја обезбедиме европската иднина на државата, истакна Спасовски додавајќи дека ДПМНЕ нема никакво право да се фали со овој успех, затоа што нивни сестрински партии гласале против Резолуцијата.

Помеѓу граѓаните на Охрид, беа Љупчо Николовски и портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска каде зборуваа за придобивките од интеграциите во ЕУ.

Нема сегмент каде придобивките од интеграцијата не носат придобивки. Конкретно, во земјоделството ние сме лидери во искористувањето на средствата од ИПАРД програмите што носат директна поддршка за македонското земјоделство. Започнуваме со програмата ИПАРД 3 со која во модернизација на македонското земјоделство ќе влезат 128 милиони евра, како директна поддршка. Тоа е една од многуте причини зошто треба да останеме на европскиот пат и дијалогот за реформите да продолжи, порача Николовски во Охрид, се наведува во партиското соопштение.

Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски заедно со претседателот на партиската комисија за транспорт и врски, Митко Трајчулески, беа помеѓу граѓаните на Струмица а пратениците Љубица Спасова и Коле Чаракчиев беа со граѓаните на Босилово.

Моќна е пораката на германскиот Бундестаг. Една од најголемите и најсилни европски држави застана зад нас, ни даде поддршка на европскиот пат и ги потврди признанијата на македонскиот идентитет, јазик, култура и посебност. Ова е потврда на државничките политики на СДСМ, но и на сето она што го говориме веќе подолг период. Со мудрост, со вистински чекори и политики обезбедуваме поддршка во самата Унија и признание за македонскиот идентитет, јазик и култура. Тој резултат го носи современиот патриотизам и македонизам, рече Зечевиќ на маалска средба, рамо до рамо со струмичани.

Сега имаме историска шанса која мораме да ја искористиме, да го продолжиме патот кон Европа и да го обезбедиме македонскиот идентитет, вграден во европскиот, додаде тој повикувајќи ја опозициската ДПМНЕ да продолжи дијалогот.

Затоа уште еднаш ја повикувам ВМРО-ДПМНЕ да продолжиме со дијалогот, да одредат тим, да застанеме рамо до рамо, да разговараме и заедно да ја донесеме историската одлука.Тоа им го должиме на граѓаните, на сегашните и на идните генерации, рече Миле Зечевиќ Вардарски денеска во Струмица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.