Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Преспа форум за дијалог 2023, денеска оствари средба со претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ.
На средбата беа разменети мислења за севкупните односи меѓу двете држави, соработката на регионален и мултилатерален план, за аспирациите на нашата држава за членство во Европската Унија, состојбите во регионот и руската агресија врз Украина.
Претседателот Пендаровски оцени дека билатералните односи меѓу двете држави се пријателски, без отворени прашања, со континуиран политички дијалог и конструктивна соработка.
Претседателот Пендаровски го информираше претседателот Милановиќ за текот на скрининг процесот со Европската Унија и изрази благодарност за силната хрватска поддршка за нашето членство во ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.