Претседателот Стево Пендаровски го прими министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ, кој престојува во официјална посета на Република Македонија.
На средбата биле реафирмирани добрите билатерални односи, коишто ги поврзува долгогодишно традиционално пријателство и интензивна соработка во многу сфери од заеднички интерес. Пендаровски посочил на блиската соработка меѓу двете држави во контекст на пандемијата на Ковид-19, како пример за високиот степен на развој на билатералните односи.
На средбата била констатирана потребата за натамошното искористување на потенцијалите за развој на односите во сите области од заемен интерес, вклучувајќи ја економијата и трговската размена, инвестициите, инфраструктурното, енергетското поврзување, како и соработката во рамки на регионалните иницијативи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.