Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во Словенија, на маргините на централниот настан на ЦДИ, се сретна со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

Како што информира Мицкоски, на средбата разговарале за регионот и прашања поврзани во интеграциите на Македонија во ЕУ.

Ја потенциравме потребата од економска соработка и борбата против корупцијата и криминалот како регионален предизвик.

 

Со премиерот на Унгарија Виктор Орбан договоривме заедничка соработка на тимови на ВМРО-ДПМНЕ и ФИДЕШ за размена на искуства и поддршка во процесот на изработка на изборната програма за престојните избори.

 

Се заблагодарив на поддршката на Унгарија која ја добиваме во насока на остварување на стратешките интереси на Македонија, вели Мицкоски.

Претходно, Мицкоски оствари средби и со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и меѓународниот секретар на ЕПП, Патрик Волер.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.