Британскиот совет ќе продолжи да ги поддржува заложбите на Владата за унапредување на квалитетот на националниот образовен систем, особено во делот на обезбедување квалитетна едукација на учениците за стекнување дигитални вештини и развој на дигиталната писменост.
Ова беше потврдено на средбата на министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски со директорката на Британскиот совет за Западен Балкан, Клер Сиарс и Олга Бороданкова од Делегацијата на Европската Унија на која беа презентирани и резултатите од досегашното спроведување на програмата „Училишта на 21от век“ со финансиска поддршка од Британската влада.
Двете страни се согласуваат дека младите мора да бидат подготвени за добро управување со новите дигитални технологии, да размислуваат креативно и критички, а токму програмата „Училишта на 21от век“ дава значаен придонес кон постигнувањето на оваа цел.
Јаневска и Андоновски соопштија дека политиките на новата Влада се усогласени со Дигиталниот акциски план на ЕУ, а меѓу клучните приоритети во следниот период ќе биде подобрување на дигиталните вештини кај младите. Во таа насока, Министерството за образование и наука ќе се заложи за надградување на наставните програми со содржини кои ја поттикнуваат дигиталната писменост и способностите на младите да применуваат современа технологија за креирање на решенија за лични или општествени предизвици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.