Споделуваме заеднички демократски вредности и принципи, владеење на правото, слобода, безбедност и како земји сојузнички активно придонесуваме во регионалните иницијативи со цел зацврстување на регионалната безбедност и стабилност, заклучија министерот Владо Мисајловски и амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ на денешната средба во Министерството за одбрана, на која присуствуваше и одбранбеното аташе полковник Стјепан Домјанчиќ, соопштија од кабинетот на министерот за одбрана, Владо Мисајловски.
Министерот Мисајловски упати благодарност за континуираната поддршка од страна на Хрватска на патот кон нашето членство во Европската Унија, за досегашната успешна соработка со хрватската амбасада и за придонесот на Хрватска со тим и воздухоплов за гаснење на пожарите кои ја зафатија нашата земја, велат од министерството за одбрана.
Амбасадорката Тигањ потенцирала дека Хрватска останува на ставот дека треба да бидеме дел од европското семејство и дека имаме континуирана поддршка за нашата евроинтеграција.
Одбранбената соработка меѓу двете земји е одлична и континуирано се унапредува. Соработката на полето на военото образование се реализира преку упатување на припадници на македонската Армија на школувања, обуки и стручни оспособувања во воено-образовните центри во Република Хрватска и со учество на експерти на полето на односи со јавност во обуките кои ги спроведува Регионалниот центар за односи со јавност, додават од министерството за одбрана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.