За состојбите во високото образование, заложбите за интернационализација на македонскиот високообразовен систем и потребата од дигитализација на процесот на акредитација на високообразовните установи, денеска разговараа министерката за образование и наука Весна Јаневска и претседателот на Одборот за акредитација на високото образование, Марјан Ѓуровски, соопштија од Министерството за образование и наука (МОН).
На средбата се потенцираше дека е неопходно зајакнување на стандардите и капацитетите на високообразовните институции со посебен фокус на студиските програми и продуктот кои тие го креираат – дипломирани студенти за потребите на општеството и бизнис заедницата. Јаневска и Ѓуровски се согласни дека треба да се изградат и механизми за поддршка на развојот на високото образование во земјата од страна на бизнис заедницата.
Исто така, на средбата беше презентиран Полугодишниот извештај за работа на Одборот за акредитација на високото образование за периодот јануари – јуни 2024 година, а се посочи и дека во иднина ќе се интензивира соработката со институциите на ЕУ за квалитет и акредитација на високото образование.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.