Министерката за образование и наука Весна Јаневска оствари средба со амбасадорот на Австрија, Мартин Памер на која беа потенцирани добрите пријателски и партнерски односи помеѓу двете земји, кои се рефлектираат и во областа на образованието и науката.

Соговорниците изразија задоволство што години наназад Македонија и Австрија спроведуваат билатерални научно истражувачки проекти, а се разменуваат и позитивни образовни искуства. Изразија очекувања дека соработката насочена кон унапредување на образовните практики ќе продолжи и во иднина и дека уште повеќе ќе се интензивира.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.