Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари во придружба на пратеникот Аднан Незири и партиската потпретседателка Бујаре Абази, денеска оствари средба со претседателката на Косово, Вјоса Османи – Садриу.

– На средбата разменивме мислења за билатералните односи, состојбите во двете земји, идниот и заеднички економски развој, инфраструктурното поврзување, евроинтеграцискиот процес, како и други прашања поврзани со регионот, руската агресија во Украина и импликациитe во регионот, изјави претседателот Таравари по средбата.

Како што соопштија од АА, Таравари и честитал на Османи-Садриу за либерализацијата на визниот режим за косовските граѓани за патување во ЕУ и за учеството на Косово во различни регионални и меѓународни формати и механизми.

Таравари истакна дека со претседателката Османи разговарале и за нормализација на односите меѓу Косово и Србија и за спроведување на договорите меѓу нив, што ќе придонесе за постабилен регион и приближување до портите на Европската унија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.