Се согласивме да продолжиме да вложуваме заеднички во поинтензивна соработка, за да отвориме повеќе врати за турските инвеститори, објави македонскиот премиер

Традиционалното пријателство со Турција е секогаш мотивација за срдечни средби со претседателот Реџеп Таип Ердоган, напиша премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук по средба со турскиот претседател Ердоган во Брисел.

„Ја осудуваме руската агресија и имаме заедничка силна поддршка за Украина која храбро ја брани својата земја. Се согласивме да продолжиме да вложуваме заеднички во поинтензивна соработка, за да отвориме повеќе врати за турските инвеститори и за посилни трговски врски меѓу двете земји“, напиша Ковачевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.