Во рамките на официјалната посета во Македонија, претседателот на Собранието, Талат Џафери, оствари средба со Јенс Столтенберг – генералниот секретар на НАТО.

На средбата присуствуваа и потпретседателите на Собранието, Горан Мисовски и Хусни Исмаили, амбасадорот на Република Македонија во НАТО, Дане Талески, координаторите на пратеничките групи на СДСМ, Јован Митрески, на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на ДУИ, Арбер Адеми, на Алијанса за Албанците, Атнан Незири и генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова.

Џафери, во име на пратениците на Собранието, му посака на генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, топло добредојде во законодавниот дом и му се заблагодари за негувањето на посветен однос кон секоја земја-сојузник во Алијансата, но и кон земјите аспиранти. Со оваа Балканска турнеја, тоа се докажа уште еднаш. Тој го информираше соговорникот за преземените и реализираните обврски на државата како НАТО сојузник во солидарната и воена помош кон Украина, за приклучувањето кон санкциите кон Русија, како и кон осудата на територијалните претензии и анексијата на Крим од страна на Русија. Нашето Собрание беше меѓу првите кое формираше Интерпартиска парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, преку чии активности даваме безрезервна поддршка и на меѓупарламентарен план.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.