ДПМНЕ целосно го заглавува процесот за издавање пасоши и ги манипулира граѓаните дека со закон може да се сменат обврските од меѓународен договор, обвини СДСМ.
ДПМНЕ преку министерот во техничката Влада само ги компликува работите со личните документи и со погрешни одлуки и несоодветни чекори го заглавува издавањето пасоши.
Наместо да го зголеми капацитетот за сликање и вадење пасоши ДПМНЕ преку нивниот технчки министер го укина вадењето пасош без закажување, со што се пролонгира целиот процес со месеци-велат од владејачката партија.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.