Руската амбасада во Македонија во текот на денот објави информации од руското Министерство за одбрана со билансот од странски платеници, кои според нив, во моментов се борат на фронтот на украинска страна.
Според овие податоци, од почетокот на инвазијата во Украина, заминале 79 лица од Македонија или со македонско државјанство, од кои 24 загинале. Во билансот стои и дека 19 македонски платеници досега ја напуштиле Украина, а 36 остануваат да војуваат.
Министерството ги следи и ги регистрира по име сите странски платеници кои пристигнале во Украина за да учествуваат во воените дејствија. Според меѓународното хуманитарно право, странските платеници не се комбатанти и најдоброто што ги чека доколку бидат фатени живи е судење и максимална затворска казна, стои во објавата на Руската амбасада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.