Социјалистичката партија на Македонија, како една од најстарите политички партии со организирано делување цврсто е определена за изградбата на демократско општество и за организирање на правна и граѓански уредена држава во која власта произлегува и ја определува народот.

СПМ се залага за заштита на положбата на семејството и за почитување на традиционалните македонски семејни вредности.
Еднаквоста и слободата на граѓаните се со системски уредени можности за граѓанските права во држава во која се втемелени еднаквоста на половите, солидарноста и праведноста.

Тргнувајќи од овие постулати СПМ е против донесувањето на предложените закони за матична евиденција и за родова еднаквост со кои се покренуваат прашања кои отстапуваат од хуманите вредности. Со предложените закони се поттикнуваат права и политики што се надвор од традиционалните поимања на бракот и семејството. Почитувањето на човековите права и слободи мора да базира на еднаквост и солидарност на сите граѓани.

СПМ е против сите форми на дискриминација, говор на омраза и нееднакво постапување во законодавството и во практиката и за промовирање рамноправност и заемно почитување на граѓаните во сите области на животот, се вели во соопштението на СПМ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.