Синдикатото на полицијата во Македонија бара итно зголемување на платите во Министерството за внатрешни работи.

Најнапред да го поздравиме покачувањето на износот на минималната плата во Република Македонија на 20.100 денари. Добро е да има покачување иако е тоа премалку за жал.

Но, се поставува прашањето кое сите нас во Полицијата не интересира- КОЈА Е
ПРИДОБИВКАТА ОД ОВА ПОКАЧУВАЊЕ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО МВР???

Бидејќи самонаречениот и самопрогласениот за „единствен“ МПС толку помпезно си молчи за ова прашање и со измислениот нивни збор „социјален дилалог“ не прават ништо за ова прашање и како Синдикат јавно побаравме да го објават износот на ОСНОВНАТА ПЛАТА за да се знае колку е основната плата во Полицијата. Но одговор не добивме до денес и веројатно нема да добиеме затоа што износот на ОСНОВНАТА ПЛАТА НА ПОЛИЦАЕЦ во моментов е ни помалку ни повеќе туку 15.000 денари.
Затоа како Синдикат БАРАМЕ уште од МЕСЕЦ АПРИЛ 2023 ГОДИНА:
– ПЛАТИТЕ НА СИТЕ ВРАБОТЕНИ ВО МВР ДА СЕ ЗГОЛЕМАТ ЗА 10%,
– ОД МЕСЕЦ АПРИЛ 2023 ГОДИНА ДА СЕ ВРАТАТ ЗАКОНСКИТЕ 32 ЧАСОВИ МЕСЕЧНА РАБОТА ПОДОЛГА ОД ПОЛНОТО РАБОТНО ВРЕМЕ ЗА СИТЕ ВРАБОТЕНИ.

Зголемувањето на платите за 10% почнувајќи од месец Април 2023 година ГО БАРАМЕ И ПРЕДЛАГАМЕ да биде од буџетот на Министерството за внатрешни работи за што сметаме дека МВР е способно да ги покачи платите од својот буџет.

Да направиме/те од професијата „Полицаец“ една професија која ќе биде вреднувана во општеството а посебно во нашата држава“!, велат оттаму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.