До Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ пристигнуваат информации од повеќе установи дека готови специјалисти не можат да добијат статус – специјалист заради неажурност на менаџерите на Јавните здравствени установи, велат оттаму, додавајќи дека една од тие установи е ЈЗУ Здравствен дом Крива Паланка каде иако има недостаток на повеќе специјалисти, но и неколку кои чекаат неколку години за да го добијат статус како специјалисти, сепак заради неспособност и негрижа од надлежните статусот не им е решен.

Станува збор за 4 специјалисти кои чекаат на добивање на соодветно место по завршување на специјализација/супцпецијализација меѓу кои и специјалисти кои чекаат повеќе години. Сите четворица се упатени од ЈЗУ Здравствен дом со државна специјалзиција до денес немаат работни задачи по специјалноста, а и институцијата нема ништо направено за регистрирање на дејност. Ваквата негрижа е причина за демотивација на кадарот, а дел од овие специјалисти веќе ја напуштаат институцијата поради тоа што долго време чекаат на добивање на соодветно место. Ниту недостигот од повеќе специјалности поради пензионирање на повеќе специјалисти и тоа интерна медицина, дерматовенерологија, офталмологија не е доволна причина Министерството за здравство и надлежните менаџери да се фатат за работа и да ја валоризираат работата на специјалистичкиот кадар. Последниот конкурс за упатување на специјализација откако беше распишан конкурс и избрани кандидари за упатување на специјалзиација по офталмологија и интерна медицина беше прекинат од страна на управен одбор од досега нејасна причина. ЈЗУ Здравствен дом Крива Паланка за една година ќе остане да функционира со општ хирург, невролог, гастроентерохепатолог и специјалист по физикална медицина. Токму недостигот од специјалисти е причина за затворање оддели во установите низ државата, но Меџити со прст не се помрдна да го реши проблемот со кадровите прашања освен што јавно се жали од Министерството за финансии, сепак не се заложил ни за решавање на проблемите од негова надлежност. Но, Меџити нема проблем да тера огласи за административен кадар, додека болниците се на колена заради недостиг на специјалистички кадар, потенцираат од Комисијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.