Српската православна црква го отстапува на користење целиот свој имот на територијата на Македонија на новата, автокефална црква во таа земја, се наведува во томосот за признавањето на автокефалноста на Македонската православна црква, кој патријархот Порфириј денеска му го предаде на Архиепископот Македонски Стефан.

Светите храмови и манастири, особено светилишта од Немањичкиот период и подоцнежниот период на српско присуство, црковното градење и културното творештво на територијата на денешна Македонија, како и вкупниот движен и недвижен имот на СПЦ, во нејзините граници, се отстапуваат на користење новата автокефална сестринска црква, се вели во томосот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.