Полицијата ги презема сите дејства согласно нивните надлежности и постапува за лоцирање на конфускуваната опрема и механизација, информира денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски откако вчера ДКСК соопшти дека со конфискацијата на Трансмет во предметот „Труст“ изиграна и оштетена е државата.

Тоа барање што е доставено до МВР, по него постапуваат службите и ќе имаме точно сознанија и евиденции за тоа со податоците со кои што ние располагаме. Конфискацијата подразбира пресуда во која што точно се наведува што е тоа што треба да се конфискува и Агенцијата за одземен имот на основа на тоа, треба да ги преземе сите дејствија кои што се однесуваат, дали се за возила, дали е за опрема, дали е за згради итн. Тоа што е наша надлежност, тоа што е до нас да ги обезбедиме податоците, ние тоа ќе го направиме на основа на барањата на институции, рече Спасовски при посетата на СВР Битола.

На вчерашната седница на ДКСК, членот Шемши Салаи кажа дека штетата од лошо изведената конфискација на имотот на „Трансмет“ на осудениот Сеад Кочан изнесува над 12,4 милиони евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.