Се уште нема одлука од раководството на СДСМ како ќе се настапи на изборите, рече вечерва Оливер Спасовски, член на партискиот Централен одбор и министер за внатрешни работи.
Според него, во тек е анализата од која треба да произлезат одлуките – какви би биле коалициите.
Сите опции, истакна Спасовски, треба да бидат во игра и да се разгледуваат.
Сите одлуки треба да се донесат врз основа на анализи. Анализите на крајот треба да донесат изборен резултат што ќе значи победа на изборите. Моментално се работи на таква анализа во партијата и тука треба да се донесат одлуките – какви би биле коалициите. Но, едно е важно, дека проевропскиот фронт го имаме како фронт што ќе се бори против оние кои немаат некаков концепт за иднината и не нудат никакви решенија. Анализите ќе покажат што е најдборо и сигурно дека така ќе настапи партијата. Сите опции треба да бидат во игра и да се разгледуваат, но се уште нема таква одлука од раководството, како ќе се настапи на изборите. Коалицискиот потенцијал на СДСМ е далеку поголем од оној на опозицијата и во тој правец и понатаму ќе се работи, рече Спасовски, одговорајќи на прашањето дали има разговори за заеднички настап со ДУИ на претстојните парламентарни избори.
Прашан дали партијата на Таравари може да влезе во комбинација, Спасовски напомена дека „ако анализите покажат дека треба да се оди на заеднички листи, сите кои се за европскиот фронт тоа треба да се направи или ако анализите покажат дека треба да се оди на посебни, раздвоени листи, секако дека СДСМ ќе настапи на изборите со својата коалиција што ја има сега, со своите традиционални партнери“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.