Спасовски го нема никаде, да одговори каде е лицето Наим Самиу од тетовско Шемшово, кој е син на познатиот командант Баци од УЧК, којшто треба да се наоѓа во притвор? Самиу од домашен притвор за две дела, со решение за затворски притвор, за трето дело, го снемува, за органите на Република Македонија и му се губи секаква трага понатаму, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Дали ќе се одважат институциите, кои се надлежни, да дадат одговор, ако не сака Спасовски, кој се му помагал на Самиу, да го прелаже системот и сега да си ужива некаде, додека во исто време требаше да биде во притвор и да одговара за своите дела? Кои се врските, на неговиот татко, командант Баци, со кадрите на СДС во МВР и дали овие исти познанства, одиграле клучна улога во неговото бегство? Ова е еден од стотината скандали на Спасовски, во неговото министерување во МВР, каде нема ни обичен одговор за ситуацијата, а камо ли разрешница, велат од партијата.

„Граѓаните затоа се тука да го сменат Спасовски, поради нестручност и неспособност, а после тоа доаѓа и одговорноста, која што нема да изостане“ – посочуваат во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.